Цените на нафтата околу 64 долари за барел

48

Цените на нафтата на меѓународните пазари достигнаа 64 долари, на што најмногу влијаеше кинескиот увоз и знаците за закрепнување на економијата од последиците на пандемијата.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта порасна за 61 цент на 63,89 долари, додека на американскиот пазар барел нафта се тргуваше за 53 центи повисока цена од 60,23 долари.

Трговците ги охрабри скокот на кинескиот извоз во мат, којшто го поттикна економскиот раст и ја одржува глобалната побарувачка благодарение на вакцините против коронавирусот.

Увозот на сирова нафта порасна за 21% бидејќи кинеските рафинерии значително ги зголемија активностите во однос на истиот период лани, кога Пекинг воведе строги мерки за да го запре ширењето на пандемијата.

Фото: Freepik