Цените на нафтата паѓаат

173

Цените на нафтата паднаа во азиската трговија денеска поради загриженоста на пазарот за побарувачката откако каматните стапки на централната банка се зголемија оваа недела, но новите американски санкции кон Иран го ограничија падот.
Суровата нафта „брент“ падна на 119 долари за барел, а американската лесна сурова нафта WTI падна на 117 долари за барел.
Доколку цените останат исти во текот на денот, нафтата од типот Брент ќе го забележи првиот неделен пад во последните пет недели, а за WTI тоа ќе биде прв пад во последните осум недели, пренесува Ројтерс.

Зголемувањето на каматните стапки на централната банка врши притисок врз цените на нафтата, и покрај ограничената понуда, вели Тина Тенг, аналитичар во CMC Markets.