Цените на нафтата растат трета недела по ред

30

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа и минатата недела, што е трета недела по ред, бидејќи се очекува со закрепнување на глобалната економија да се зголеми и побарувачката за “црното злато“.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта минатата недела се зголеми за 0,6% на 68,70 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 0,7% на 65,37 долари.

Поддршка на растот на цените има и од зголемената побарувачка, со оглед на тоа што најголемата светска економија закрепнува од корона кризата, а активностите се враќаат во нормала.

Пречка за поголем раст на цените на нафтата претставува здравствената криза во Индија, којашто е трет најголем потрошувач на нафта во светот, каде што има огромен број на заразени и починати од вирусот.

Фото: Pexels