Цените на нафтата се вратија на ниво од пред пандемијата

22

Цените на нафтата закрепнаа и се вратија на нивото од пред пандемијата на коронавирусот, откако минатата година беа на рекордно ниско ниво, пишува BBC. Побарувачката за нафта е сè уште помала од нормалната, но сега има надеж за побрзо економско закрепнување од предвиденото со оглед на појавата на вакцини.

“Црното злато“ сега досегна 60 долари по барел и порасна повеќе од 50% во последните неколку месеци.

“Најголемиот двигател на последниот скок на цените минатата недела беше големиот пораст на очекувањата за закрепнување на економската и нафтената побарувачка  со знаци дека коронавирусот конечно може да се повлече“, изјави Вандана Хари, основач на фирма за податоци за пазарот на нафта со седиште во Сингапур.  Побарувачката расте во различни делови на светот, особено во Азија. Други фактори, исто така, одиграа улога во зголемувањето на цените, како што се напорите на земјите-производители на нафта, особено Саудиска Арабија, да го ограничат производството.

Фото: Freepik