Цените во земјоделството во февруари

20

Цените во земјоделството во февруари, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 2,4%, а кај аутпутот намалувањето изнесува 8,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 97,5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,3.

Во делот аутпут, во февруари 2016 година, во споредба со февруари 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 89,9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 96,8.