Црна Гора “дом“ на 71 милионер

33

Податоците на Централната банка на Црна Гора покажуваат дека во земјава има повеќе сметки одошто жители. Некои граѓани, како што пишува Bankar.me, имаат милионски износи на своите сметки.

Според податоците, на крајот на август оваа година, вкупно 71 жител на Црна Гора имал депозит во банка што надминува вредност од еден милион евра. Тоа е за шест помалку во однос на почетокот на годината.

Еден од овие жители на Црна Гора на својата сметка има 32 милиони евра. пред девет месеци, како што се наведува, најголемиот поединечен износ бил 50,3 милиони евра.

Фото: Pexels