Црна Гора мора да рециклира половина од отпадот

146

Властите во Црна Гора се обврзуваат, во рамки на поглавјето 27, да рециклира 50% од отпадот од хартија, пластика, метал и стакло. Исто така, државата планира да спроведе рециклирање на најмалку 70% од безбедниот градежен отпад, пренесуваат тамошните медиуми.

Рециклирањето на отпад е голем бизнис во земјите од Европската унија, па во Нацрт планот е наведено дека Црна Гора планира да ги исполни целите до 31-ви декември 2030 година.

“Во тој период, Црна Гора планира да ја спроведи директивата: подготовки за повторна употреба и рециклирање на отпадни материјали, како што се хартија, метал, пластика и стакло што треба да се зголеми на најмалку 50% од вкупната тежина. Подготовката на повторна употреба, рециклирање и други начини на повторно користење на материјалите и градежниот отпад треба да се зголеми на најмалку 70% од масата на отпадот“, се наведува во Нацрт планот.

До 31-ви декември 2029 година, ќе биде намален отпадот на 50% со најголема годишна количина од 73.000 тони, а до 31-ви декември 2033 година ќе биде намален на 35% со најголема годишна количина од 36.500 тони.

Фото: Freepik