Црна Гора: Најмногу сезонски работници од Србија и БиХ

29

Од први јануари до деветти август оваа година, во Црна Гора се издадени вкупно 19.502 дозволи за привремен престој и работа на странци, од коишто се издадени 3.614 дозволи за привремен престој и работа по основ на сезонско вработување, пишуваа црногорските медиуми.

Најголем број сезонски работници доаѓаат од: Србија (2.430), потоа од Босна и Херцеговина (329), Косово (222), Македонија (190) и Албанија (101).

Во периодот од први јануари до 25-ти јули оваа година, најголемиот број на овие сезонци се вработени во хотели и ресторани.

Сезонското вработување на странци, според тамошниот закон, подразбира работен однос на одредено време заради извршување на сезонски работи во дејности што имаат сезонски карактер.

Фото: Pixabay