Црна Гора: Овој период само една десеттина од ланскиот број на туристи  

50

Во Црна Гора, според последните податоци, престојуваат околу 5.800 туристи, што е 10% во однос на бројот на туристи истиот период лани, соопшти тамошниот секретар за туризам во Министерството за одржлив развој и туризам, Дамир Давидовиќ, пренесуваат црногорските медиуми.

Тој рекол дека епидемијата на коронавирусот исклучително негативно влијае на бројот на туристи во Црна Гора.

“Непридржување на правилата, непочитување на препораките, довело до тоа вирусот повторно да се врати, а бројките да растат од ден на ден. Знам дека екипите на Институтот за јавно здравје прават сè за да ги пронајдат контактите и ситуацијата да ја стават под контрола“, рекол Давидовиќ.

Инаку, во Црна Гора овој месец беше прогласен крај на пандемијата од коронавирусот, откако поминаа 28 дена без нови случаи на заразени. Но, состојбата се влоши и во земјата секој ден се регистрираат нови случаи.

Фото: Freepik