Црна Гора за влакно избегна банкрот – со еден потег успеа да избегне должничка криза

242

Црногорскиот министер за финансии, Милојко Спајиќ изјави вчера дека со издавање на државни обврзници на меѓународниот пазар во износ од 750 милиони евра, Црна Гора буквално избегна банкрот и дека тоа е единствениот можен потег во овој момент.

Министерот, исто така, изјави дека со ова се избегнува аранжман со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува порталот Сafe del Montenegro.

“Црна Гора избегна банкрот. Реагиравме пред почетокот на следната година за да не паднеме во должничка криза. Ништо од тие пари нема да оди за трошење. Само за Црна Гора и отплата на кредити“, рече Спајиќ.

Во средата, Министерството за финансии издаде државни обврзници на меѓународниот пазар во износ од 750 милиони евра, со што ќе се компензира дефицитот во државната каса следната година.

Обврзниците беа издадени за период од седум години, со каматна стапка од 2,875%.

Фото: Pixabay