ТТК Банка: Дел од добивката за резерви, остатокот за исплата на дивиденда

23

ttk-banka-580x399

ТТК банка донесе одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка на ТТК банка за 2015 година.

“Нераспределената добивка на ТТК банка по годишната сметка за 2015 година во износ од 38.128.862 денари, се распределува на: 2.822.142 денари за резерви и 35.306.720 денари за дивиденда за обични акции во бруто износ“, стои во Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка.

Средствата, како што стои во одлуката, наменети за дел од плата и награди на членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор по основ на деловна успешност кои во годишната сметка се вкалкулирани како трошок во износ од 3.164.663 денари се распоредуваат: дел за награди на членовите на Надзорниот одбор што се исплати и дел за плата по основ на деловна успешност за членовите на Управниот одбор.

“Износот од 14.122.688 денари, којшто по годишна сметка за 2014 година, беше распореден како задржана нераспределена добивка ограничена за распределба на акционерите, се прераспределува во резервен фонд на банката“, стои подолу во одлуката.