Тунис загуби над 746 милиони долари приходи од туризам

38

Туристичките приходи на Тунис минатата година се намалија за 65% поради пандемијата, покажуваат официјални податоци.

Приходите од туризам во текот на минатата година се намалени за 746 милиони долари во однос на 2019 година.

Во текот на минатата година, во Тунис имало за 78% помалку посетители бидејќи туристите од западните земји се откажале од одмор во тамошните хотели и одморалишта. Една година претходно, во Тунис се регистрирани рекордни 9,5 милиони туристи.

Се проценува дека туниската економија во текот на 2020 година се намали за најмалку 7%, најмногу поради пад на приходите од туризам којшто инаку има 8% од вредноста на бруто домашниот производ (БДП) и се главе извор на девизи.

Ограничените патувања и ширење на коронавирусот во светот беа причина за затворање на повеќе хотели во Тунис, а без работа останале десетина илјади туристички работници, пренесува Ројтерс.

Фото: Pixabay