Турција: Двојно помалку туристи и за 40% помалку приходи во првиот квартал

34

Турскиот туризам забележа голем пад на бројот на странски туристи и приходи во првото тримесечје од оваа година.

Според официјалните податоци, бројот на странски туристи во првите три месеци од годинава е двојно помал одошто во истиот период лани, а приходите од туризмот се намалени за повеќе од 40%.

Од туристите кои ја посетуваат Турција поголемиот дел од нив се одлучиле за all inclusive пакети за одмори.

Во исто време и Турците помалку патувале во странство, па бројот на турски туристи што одбрале странски дестинации е за 84% помал.

Ограничување на патувањата во 2020 година тешко го погоди турскиот туризам, којшто е еден од главните извори на приходи на земјата.

Според податоците на OECD, туризмот во 2018 година вработувал 7,7% од вработените Турци, а приходите од туризмот биле 3,8 од вредноста на бруто домашниот производ на Турција.

Фото: Pexels