Турција најбрзо би закрепнала од кризата меѓу туристичките дестинации во светот

132

Се очекува Турција да забележи најбрзо закрепнување меѓу туристичките дестинации по завршување на пандемијата, пренесува Daily Sabah.

Туристичката индустрија, што е околу 10% од вредноста на глобалниот бруто домашен производ, претпре огромни штети поради ширење на вирусот. Сега многу земји вложуваат напори за да ја заживеат туристичката сезона, вклучувајќи ја и Турција, којашто се надева дека домашниот туризам ќе почне на 28-ми мај доколку бројот на случаи почне да се намалува.

“Турција се најде на прво место со стапка од 12,2% одговор на прашањето која туристичка дестинација би можела најбрзо да закрепне по избивање на коронавирусот. Секторот смета дека Турција може да помине од овој процес побрзо од останатите земји. Потоа следен е Тајланд со 11,7% и Кина со 9,2%“, вели Неџип Фуат Ерсој, министер за туризам на Турција.

Според него, земјата планира да ја отвори сезоната за домашни гости на 28-ми мај, а за странски на средината на јуни.

Фото: Pixabay