Турција од извоз на сокови планира да инкасира 300 милиони долари

109

Извозниците на овошни сокови од Турција за следната година планираат извоз од 300 милиони долари, пишува Хуријет.

Во периодот јануари – октомври оваа година вкупниот извоз достигна ниво од 220 милиони долари од овошни сокови во 150 земји низ целиот свет.

Извозот на сокови од Турција во САД е зголемен за 50% од 50 на 75 милиони долари. Потоа, следува извозот во Холандија во висина од 28 милиони долари, а трета е Италија, која увезла сокови од Турција во вредност од 13 милиони долари.

Меѓу најизвезуваните продукти се концентрат за сок од јаболко, грозје и ананас.

Фото: Pexels