Турција отвори трговски центар во Дубаи

64

Турција отвори трговски центар во близина на островот Палма во Дубаи на брегот на Персискиот залив, пренесува Daily Sabah.

Станува збор за објект што се протега на околу 14.000 метри квадратни, внатрешен изложбен простор од 8.000 метри квадратни и 2.000 квадрати магацински простор со дополнителни објекти.

“Проектот што го започнавме во Дубаи има за цел да промоција и чување на турски производи, како и да овозможи финансиска и логистичка поддршка за извозниците, а беше комплетиран за краток временски период од две години“, вели Тахир Нурсаџан, претседател на индустриската организација на Кајсери.

Дубаи важи за еден од најголемите трговски градови, па затоа во овој дел од светот се очекува извоз на турски производи во вредност од околу три милијарди долари.

Фото: Freepik