Турција со брз воз ќе го поврзува Истанбул со Бугарија

30

turcija

Турција ќе се поврзува со брз воз со Бугарија, изјави турскиот министер за транспорт и комуникации, Лутви Елван, пишува Дејли Сабах.

Возот ќе биде поврзан со граничниот премин Капикуле и ќе поминува низ Едрене. Се очекува тендерот да биде распишан оваа година. Линијата ќе биде продолжение на мега проектот Мармара.

Министерот истакна дека ќе ги подобри патните врски со Грција и изрази надеж дека Грција ќе ја подобри железничката мрежа.