Турција со строги мерки ќе ја спасува туристичката сезона

29

Властите во Турција ќе разгледаат строги мерки бидејќи претседателот Реџеп Таип Ердоган сака да спречи уште една пропадната туристичка сезона.

Пред две недели, поради зголемен број на заразени, Ердоган ги запре сите општествени активности и патувања. Турција на 16-ти април за 24 часа регистрираше повеќе од 63.000 нови случаи на зараза, за во неделата да се намали на 39.000.

Според властите, падот не е доволен, па министрите ќе разгледаат воведување на нови мерки што ќе траат и во текот на Рамаза, но ќе бидат организирани така да не влијаат врз економијата.

Мерките би вклучиле затворање на трговските центри и ограничување на меѓународните патувања, а рестораните и кафулињата се веќе затворени.

Турција досега има регистрирано 4,63 милиони случаи на заразени со коронавирус, а починати се 38.358 лица. Четврта е во светот по број на случаи на зараза по жител меѓу големите земји.

Русија овој месец ги ограничи летовите кон и од Турција до први јуни оваа година. Официјална Анкара смета дека овој потег би го намалил бројот на посетители за околу пола милион.

Пад на приходите од туризмот за две третини во 2020 година го зголеми дефицитот на Турција.

Фото: Pexels