Tурција станува главна база за Pirelli

19

pirelli

Турција стана база на индустриски гуми на Pirelli во Европа, Блискиот Исток и Африка, со што работата во 128 земји ќе биде водена од Истанбул, изјави извршниот директор за овој регион, Мурат Акјилдиз, пишува Хуријет.

“Со преместувањето на операциите за овој регион од Милано во Истанбул, годишното производство, околу 2 милиони индустриски гуми што ги произведуваат повеќе од 3.000 вработени, ќе бидат управувани од Истанбул”, вели Акјилдиз.

Оперативниот дел за автомобилски гуми на Pirelli ќе продолжи да се води од Милано.

Pirelli Tires Factory, лоцирана во турската провинција Кочаели, веќе има производни погони на Pirelli групацијата. Фабриката има капацитет за годишно производство на 7 милиони парчиња на 675 различни видови на гуми, вклучувајќи гуми за Формула 1.

Pirelli е мултинационална компанија со седиште во Милано, Италија. Компанијата, петтиот по големина светски производител на гуми, во 2015 година беше купена од кинеската ChemChina. Pirelli, производителот на гумите Bridgestone, Michelin, Continental и Goodyear, е присутeн во повеќе од 160 земји, има 19 производствени локации во целиот свет и мрежа од околу 10.000 дистрибутери и трговци на мало.