Турција забрани пушење на јавни места, за граѓаните да не ги вадат маските

25

Турција вчера објави забрана за пушење на отворено во сите провинции, во обид да се запре зголемувањето на случаите на коронавирусот, пишува Дејли Сабах. Според Министерството за внатрешни работи, пушењето ќе биде забрането на повеќето места на отворено, вклучувајќи ги преполните улици, постојките за јавен превоз и градските плоштади.

Потегот следуваше неколку часа откако гувернерите на Истанбул и Измир одделно објавија забрана за пушење во градовите, а Министерството за внатрешни работи ја прошири забраната на национално ниво.

Од министерството, исто така, побараа од гувернерите да го следат избувнувањето на коронавирусот во нивните провинции и да воведат полициски час за повозрасните граѓани.

Додека Турција избегнуваше да прибегне кон порестриктивни мерки, зголемениот број на новозаразени ја принудија владата да врати назад некои ограничувања.

Во вторникот, Истанбул и Анкара објавија полициски час за граѓаните на возраст од 65 години и нагоре, дозволувајќи им да излегуваат надвор од 10 до 16 часот.

Министерството за здравство вчера соопшти дека таму се забележани 2.693 новозаразени со Ковид-19, но и 86 смртни случаи. Со овие бројки, вкупниот број на дијагностицирани од почетокот на пандемијата со Ковид-19 го надмина прагот од 400.000 случаи, додека вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 11.145.

Фото: Pixabay