Туризмот во Словенија со загуби и до 70%

75

Туристичкиот сектор во Словенија, поради пандемијата од коронавирусот, оваа година би можел да прокнижи загуби од 60 до 70%, пренесуваат тамошните медиуми.

Туризмот, којшто во оваа земја сочинува 12% од вредноста на бруто домашниот производ, ќе биде посебно погоден бидејќи е близу до Италија и Австрија и затоа што 75% од приходите зависат од странските гости, што ќе биде тешко да се надомести од страна на домашните туристи.

Словенија минатата година ја посетиле 6,23 милиони туристи кои оствариле над 15 милиони ноќевања. Се верува дека овој сектор би можел да закрепне од последиците што ги донесе пандемијата за околу три до четири години.

Фото: Pixabay