Турска авиокомпанија прогласи банкрот

98

Турскиот авиопревозник Atlas global, поднесе барање за банкрот. Компанијата имаше финансиски проблеми од ноември 2019 година и привремено ги прекина летовите од 26 ноември до 21 декември 2019 година, наведувајќи го реструктуирањето како главна причина.

Но, Atlas global сега официјално банкротираше и го извести персоналот да не доаѓа на работа. Компанијата соопшти дека работи на надоместување на трошоците за патнички билети.

Покрај турската авиокомпанија, италијанскиот превозник Air Italy поради финансиски проблеми објави дека влегува во процес на ликвидација.

Фото: Pixabay