Турската Rixos сака да гради туристички комплекс во Улцињ

46

dubrovnik-rixos-libertas

Турската компанија Rixos, чие седиште се наоѓа во Дубаи, покажала интерес да гради туристички комплекс од висока категорија во Улцињ.

За ова станало збор на средбата меѓу претседателот на општина Улцињ, Фатмир Ѓека и директорот на турската компанија, Аднан Челик, пишува Побједа.

Rixos минатата година оствариле промет од две милијарди евра. Компанијата поседува околи 30 хотели од висока категорија на околу 30 локации ширум светот: Турција, Емиратите, Египет, Хрватска (во Дубровник), Швајцарија, Русија, Казахстан, Азербејџан, Либија и Украина.