Турски компании на бизнис средби во Скопје

39

Турски компании задутре доаѓаат во Скопје на средби со македонски фирми за воспоставување билатерални деловни контакти. Потенцијалните деловни партнери се од регионот Испарта, познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук, особено јаболка и цреши, хемиски материјали и текстил, јавува Миа.

Бизнис форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Регионалната индустриска комора на Испарта, Република Турција.

По завршување на официјалниот дел, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори.