Турскиот градежен сектор со 70% раст на проекти во странство

38

gradezniciГрадежните проекти што ги преземаа турските компании во странство ја зголемија вкупната вредност за 70% во првата половина од годината во однос на истиот период минатата година, во износ од 11,6 милијарди долари, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, пишува Заман.

Во 2012 година, турски компании работеле на 96 проекти во странство, кои изнесувале 6,9 милијарди долари.

Министерот истакна дека турскиот градежниот сектор, кој е рангиран втор во светот, постојано го дополнува својот успех во странство, а неговите перформанси во првата половина од годината се најдобар доказ за тоа. “Изведувачите имаат преземено 114 проекти во странство во првите шест месеци. До денес, изведувачи имаат преземено 7.141 проекти во вредност од 250,9 милијарди долари. Со најновите проекти во Јужен Судан, бројот на земји во кои работат турски изведувачи е зголемен на 101”, изјави Чаглајан.

Прворангирана земја во која работат турските градежници е Туркменистан, каде во првите шест месеци се преземени 28 проекти во вредност од 4,8 милијарди долари. Потоа следуваат Русија, Азербејџан, Казахстан и Ирак.