Тутунски комбинат од Прилеп лани ја намали загубата за 79%

35

tutunski kombinat prilep

Тутунски Комбинат АД Прилеп, од први јануари до 31-ви декември лани, прикажа загуба од 25.104.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, загубата на компанијата беше 118.423.000 денари, што според Образложението кон постигнатите резултати, значи намалување од 79%.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година достигнаа 58.540.000 денари, додека претходната година бил 29.778.000 денари.

“Приходите што ги остварува акционерското друштво се главно приходи од наемнина. Најголемиот дел од основните средства на групацијата Тутунски комбинат се наоѓаат во сопственост на АД-то, па најголем дел од приходите ги остварува издавајќи ги истите ДООЕЛ-ите. Од истите причини и амортизацијата како трошок се евидентира во ова друштво“, стои во Образложението.

Главна дејност на компанијата е купување и преработка на тутун, производство на цигари, производство на филтер стапчиња, различни типови на лепила наменети за тутунската индустрија и други апликација. Исто така, во нејзина сопственост е и хотел во Охрид.