Twitter ги испрати вработените да работат од дома

68

Компанијата Twitter им порача на сите свои вработени да работат од дома за да помогнат да се запре ширењето на корона вирусот.

Kомпанијата, преку нејзиниот официјален блог, соопшти дека од нејзиниот персонал во Хонг Конг, Јапонија и Јужна Кореја се бара да работат од дoма изминатиот месец или два, но сега ги охрабрува сите свои 5.000 вработени ширум светот да не одат на работа, туку работата да ја извршуваат од дома.

Оваа одлука доаѓа откако компанијата, исто така, ги забрани сите неважни деловни патувања и присуство на големи настани на своите вработени.

“Нашата цел е да ја намалиме веројатноста за појава на корона вирус и кај нас и во светот околу нас“, рече директорот за човечки ресурси на Тwitter, Џенифер Кристи.

На блогот на Twitter, исто така, е истакнато дека компанијата веќе извесно време развива начини за работа од дома.

Фото: Pixabay