Uber ќе продава акции во вредност од 10 милијарди долари

59

Американската компанија за превоз на патници, Uber за прв пат ќе излезе на берза преку иницијална јавна понуда (IPO), пишува Business Insider.

Компанијата планира да продаде акции во вредност од 10 милијарди долари. Најголем дел од акциите ќе бидат издадени од компанијата, додека помал дел ќе бидат во сопственост на инвеститорите.

Продавањето на акциите на Њујоршката берза се очекува да започне на почетокот на мај.

Вредноста на компанијата се очекува да се процени помеѓу 90 и 100 милијарди долари. Инвестициските банкари претходно го проценија Uber на 120 милијарди долари.

Фото: Facebook