Uber ќе произведува електрични автомобили

17

Американски Uber и британско – американскиот производител на електрични возила, Arrival, ги претставија плановите за производство на возила што Uber би ги користел во Европа.

Целта на сервисот за споделување превоз е да создаде целосно електричен возен парк во Лондон до 2025 година.

Arrival е основана во 2015-та година, а развива електрични возила за транспорт и автобуси, а во март годинава почна да котира на берза.

Можноста да се користи електричен автомобил преку Uber се прошири на 1.400 нови градови во Северна Америка на почетокот на оваа година, а три месеци подоцна и во Лондон.

Фото: Pexels