Убиен директор на банка во Лихтенштајн

20

bank frickЈирген Фрик (48), генерален директор на приватната банка Frick во Лихтенштајн е убиен вчера на паркингот на банката во Балзерс, во близина на швајцарската граница, јавуваат швајцарските медиуми. За неговото убиство е осомничен поранешен фонд-менаџер, Јурген Херман, кој се претставува како Робин Худ од Лихтенштајн. Камерите на паркингот го забележале како го напушта местото со својот автомобил, кој подоцна е пронајден напуштен на брегот на Рајна. Полицијата се сомнева дека Херман извршил самоубиство по убиството на Фрик, затоа што на брегот на Рајна ги пронашле и возачката дозвола и пасошот, а во пасошот имало порака во која го признава убиството. Полицијата трага по неговото тело.

Банката Фрик е основана во 1998 година, а во 2011 отвори филијала во областа Мејфер во Лондон.

Лихтенштајн е позната по силниот финансиски сектор и често е карактеризирана како даночен рај.