УБС започна отпуштања во Азија

13

UBS Group оваа недела започна со намалување на работните места во својот оддел за приватно банкарство во Азија.
Компанијата отпушта околу 70 луѓе, вклучително и менаџери за врски, главно во Хонг Конг и Сингапур до крајот на март, изјави еден од луѓето за Bloomberg под услов да остане анонимен.

Портпаролката на банката одби да коментира.

Информациите за отпуштања не можат да се протолкуваат како изненадување откако извршниот директор на UBS Серџо Ермоти неодамна изјави дека банката се соочува со многу тешка година.