Ученици во Велика Британија ќе добиваат часови по спиење

21

Фото: Pixabay

Училиштата во Велика Британија на учениците може да им понудат часови за спиење, со цел да им помогнат во решавање на проблемот со несоница кај млади луѓе, пишува Guardian.

На крајот на минатата година, наставниците добија обука за ваков вид на часови, кои беа обмислени од страна на здружението PSHE и детската болница Евелин од Лондон.

Лекциите се однесуваат на градење стратегија за заспивање и подигнување на свеста за спиењето во тинејџерските години.

Последните истражувања покажуваат дека спиењето има поголемо влијание врз менталното здравје на младите, отколку врсничкото насилство, физичката активност и времето поминато на телефон.