Учество од 42,8% на иновативни деловни субјекти од 2010 до 2012 година

15

Учеството на иновативни деловни субјекти во периодот 2010 – 2012 година изнесува 42,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Под иновативни деловни субјекти се подразбираат деловните субјекти кои во периодот на набљудување имаат воведено иновација на производ, процес, организациска или маркетинг иновација.

Од вкупниот број на иновативни деловни субјекти, 24,7% имаат воведено иновација на производ и процес, додека, 46,4% имаат воведено организациски и маркетинг иновации.

Од иновативните компании, 18,2% истовремено имаат воведено производ, процес, организациски и маркетинг иновации.