Училиштата во иднина ќе личат на канцелариите на Google или Apple?

18

Иако први септември за многумина е синоним за детски џагор во училишниот двор, насмеани лица, искрени очиња вперени во зелените табли… сепак пандемијата си го направи своето. Како и во многу земји во светот, така и кај нас минатата учебна година заврши порано, а оваа ќе започне еден месец подоцна. Прашањето е како треба да изгледаат училиштата по пандемијата и како најдобро може да се заштитат и децата и персоналот и ширење на заразата.

“Одговорот за концептот на просторна организација на училиштата во иднина би можел да се најде во моделот на функционирање на современите програмерски компании и да се применуваат слични принципи на организација, бидејќи се засноваат на флексибилен простор што овозможува формирање на помали целини, работа во мали групи, можност за индивидуална работа… Финска докажа успешност на наставата преку слободно користење на просторот, со најразлични лесно преносливи прегради и различни начини на седење. Тоа би бил принципот на којшто се организираат хабовите и мини лабораториите… Тоа значи дека треба да се размислува чекор понапред од училници со четири ѕида, мали клупи, табла и наставничка катедра“, вели Милка Гњато, архитект за српска Градња.

Таа смета дека начинот на организирање и димензионирање на училишниот простор, којшто ја зголемува безбедноста на децата и наставниците, одговара на алтернативните модели за спроведување настава. Гњато вели дека е важно просторот да функционира како училиште – градина, каде што ќе има организиран затворен и отворен простор, а во таа смисла ќе се зголеми и безбедноста од пандемија, а ќе може да се организира и настава за повеќе деца поделени во помали групи, коишто ќе ги надгледуваат ист или поголем број наставници.

Фото: Freepik