Угостителските објекти ќе работат до 18 часот, забрана за групирање на отворен и затворен простор

179

Владата донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ со цел да се избегне зголемување на бројот на новозаболени од Ковид-19.

“Не смееме на крајот на чекор од вакцината за неразумно празнување. Владата ги прифати предлозите на Комисијата за заразни болести. Угостителските објекти ќе работат со ограничено работно време, односно до 18 часот и се забранува групирање на отворен и затворен простор. Целта е да издржиме уште малку, и поради празнување да си нанесеме штета“, соопшти премиерот Зоран Заев.

Како што посочи премиерот, во овој период треба да бидеме совесни и да празнуваме одговорно. На само чекор од добивањето на првите дози од вакцината, Заев порача дека треба да се воздржиме од секаква компликација во однос на здравјето.

Фото: Freepik