УЈП го објави возниот ред на мобилни даночни шалтери за јуни

18

Фото: Pexels

Со четири специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата за јавни приходи (УЈП) нема постојани даночни канцеларии, како и локации кои дополнително можат да се утврдат во соработка со општините и потребите на локалното население и бизниси.

Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.