УЈП ја објави Листата на должници:Повеќе од 12 милијарди долг – Кој ги должи овие пари?

Управата за јавни приходи  ја објави Листата на должници бр.12/2025 за долгови доспеани до 31.08.2025 и неплатени до 30.11.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2025 објавени се 2049 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 4088 физички лица (повеќе за 71 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2025 изнесува 12.394.010.304 денари, (повеќе за 332.601.630 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.183.236.380 денари, (повеќе за 291.233.829 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 210.773.924 денари (повеќе за 41.367.801 од претходната листа).