УЈП ја објави третата листа на должници за оваа година

21

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави третата листа на должници за долгови доспеани до 30.11.2015 и неплатени до 29.02.2016 година.

На листата се наоѓаат физички лица, вршители на самостојна дејност и правници лица кои што должат за ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

За физичките лица и вршителите на самостојна дејност долгот е над 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е повисок од 300.000 денари.