УЈП: Начин на поднесување на барање за издавање уверение за платени даноци и придонеси

394

Согласно одлуката за изменување и дополнување на одлуката за условите и критериумите за репласирање на средства од компензационите фондови од странска помош, како еден од критериумите за користење на средствата од Компензационите фондови од странска помош за директно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија од сите дејности, наведено е кредитобарателите да немаат неплатени даноци и придонеси, освен ако на истите им е одобрено одложено плаќање на даноците и придонесите во согласност со посебните прописите од областа на даноците и истите редовно ги плаќаат заклучно со 31.01.2020 година, соопштува Управата за јавни приходи (УЈП).

Барањето за издавање на Уверение за платени даноци и придонеси заклучно со 31.01.2020 година, се поднесува исклучиво електронски преку системот е-Даноци.
Странките ќе може да го подигнат Уверението во точно определено време на повик од УЈП преку е-пошта или телефон.

Корисни информации:

Фото: Pixabay