УЈП: Нови шалтери за регистрација на системот е-ПДД

85

Управата за јавни приходи (УЈП) отвора два нови шалтери за регистрација на системот е – ПДД и прием на барања за регистрација во Кисела Вода и Гази Баба.

Заради регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација, покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје (ул.11 Октомври бр. 27, спроти Даре Џамбаз) и претходно отворените канцеларии на УЈП во општината Аеродром (општинска зграда на втори кат) и општина Ѓорче Петров (зграда на урбана заедница Ѓорче Петров-кај полициската станица), УЈП отвори и два нови шалтери лоцирани: во општина Кисела Вода – барака број 4 и во општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП).

Канцелариите на УЈП во општините Кисела Вода и Гази Баба ќе бидат отворени од 26.11.2018 година до 31.12.2018 година со работно време од 08:00 до 16:00 часот.

Од УЈП информираат дека сите даночни канцеларии на УЈП до 31.12.2018 година ќе работат и во сабота од 08.30 до 14 часот.
Барањата за регистрација на системот е-Персонален данок, може да се поднесат и во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.