Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници за Законот за изменување на Законот за персонален данок на доход.
Според тоа, се продолжува ослободувањето од плаќање на персонален данок на доход за капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност, односно капитална добивка остварена со продажба на хартии од вредност до 31.12.2018 година.