УЈП: Уште 7.000 фирми треба да воведат фискален апарат со GPRS уред до 31 октомври

18

Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година.

Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат.

По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со GPRS уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет.

Еден месец пред истекот на рокот 1.156 обрзници успешно регистрирале 1.595 фискални апарати со GPRS уред, а до 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.

Од тие причини, аод УЈП апелираат фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со GPRS уред.