Ултра брз систем за транспорт ќе ги поврзува центарот и аеродромот во Чикаго

43

Градот Чикаго ја одбра Boring Company на Илон Маск за да го изгради футуристичкиот транспортен линк кој ќе ги поврзува центарот на градот и аеродромот, пишува CNN.

Системот за транспорт кој впрочем ќе е и јавен, се нарекува Chicago Express Loop и ќе ги пренесува патниците со возила на батерии и низ тунели со брзина од 240 километри  на час. Возилата ќе возат на релација од центарот на Чикаго до меѓународниот аеродром O’Hare. Времетраењето на транспортот ќе изнесува 12 минути, што е 3-4 пати побрзо од досегашниот систем на превоз.

Сè уште не е јасно колку време ќе биде потребно да се изгради овој транспортен систем и колкава ќе биде неговата вредност, иако проценката е дека придобивките ќе бидат огромни. Дел од експертите, пак, се загрижени и за финансиската исплатливост на системот, како и за климатските и правните предизвици кои со себе ги носи еден ваков огромен проект.

Инаку компанијата веќе работи на сличен проект во Лос Анџелес, којшто според најавите на Илон Маск е готов во првата фаза и ќе понуди бесплатен пробен транспорт за јавноста, веднаш штом ги добие сите комисиски и регулаторни одобрувања.

Планираниот систем во Чикаго ќе се користи електрични возила, базирани на Tesla моделот и ќе може да пренесуваат помеѓу 8 и 16 патници во една насока.