УНИ Банка ќе исплати полугодишна камата на перпетуалните обврзници на 1 септември

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 5% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

Исплатата на камата ќе се изврши на 01.09.2025 година.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници  во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 29.08.2025 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 27 и 29 Август 2025 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 1 Септември и 2 Септември 2025 година, ќе треба да му го уплати износот  на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 1 Септември и 2 Септември  2025 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.