Уни банка со добивка од над 67 милиони денари во 2014 година

66

uni banka

Уни банка минатата 2014 година ја заокружи со добивка од 67.878.000 денари, покажуваат податоците од неконсолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Банката во истиот период претходната година, реализираше добивка во вредност од 64.985.000 денари.

Нето приходите од камата на банката на крајот на 2014 година се 489.501.000 денари, додека во истиот период претходната година тие беа во висина од 431.547.000 денари.