Италијанската банка UniCredit ги зголеми приходите во првото тримесечје од оваа година благодарение на надоместоците и провизиите, како и намалените резервации на ненаплатливи заеми.
Приходите на италијанската банка во првиот квартал се зголемија за 7,1% на 4,7 милијарди евра.
Надоместоците и провизиите пораснаа за 4,3% на 1,7 милијарди евра, што го надомести падот од 12,6% на каматните приходи, коишто се позиционираа на 2,2 милијарди евра.
Банката првото тримесечје го заврши со нето добивка од 887 милиони евра, а во истиот период лани имала нето загуба од 2,7 милијарди евра.
Фото: Pexels











