Unilever ги продава сосовите Ragu и Bertolli за 2,15 милијарди долари

19

ragu i bertoli

Компанијата Unilever ги продава популарните сосови за тестенини Ragu и Bertolli за околу 2,15 милијарди долари на јапонската компанија Mizkan Group, пишува британски Guardian.

На почетокот на годината се појавија информации дека Unilever бара купувач за овие сосови, што ги произведува веќе 27 години, бидејќи сака да се фокусира на производи што носат поголем профит.

Unilever става поголем акцент на бизнисот со козметика и здрави производи. Овој договор се вклопува и во стратегијата на Mizkan да го прошири своето дејствувување кон Северна Америка, со цел да се намали зависноста од јапонскиот пазар.

“Овој договор е еден од финалните чекори за реструктуирање на нашето портфолио во Северна Америка со цел да воспоставиме одржлив раст за Unilever. Со ова нашиот фокус ќе биде насочен кон бизнисот со храна. Ragu и Bertolli се водечки сосови во САД и целосно веруваме дека потенцијалот на двете марки може целосно да биде преземен од Mizkan“, вели Кис Критхоф, претседател на Unilever за Северна Америка.

Јапонската компанија има 200-годишна традиција во производство на храна, со пласман распространет на американскиот, британскиот и азискиот пазар.