УНИЦЕФ ќе испорача две милијарди вакцини во 92 земји

31

УНИЦЕФ соопшти дека работи со 350 партнери, вклучувајќи и водечки светски авиокомпании, бродски компании, логистички асоцијации од целиот свет, за што побрзо да испорача две милијарди вакцини против коронавирус во 92 држави во светот.

Етлева Кадили, директор на отсекот за испорака на производи при УНИЦЕФ, рече дека од големо значење е партнерството со бројни компании.

“Додека се работи на финиширање на вакцините против Ковид – 19, УНИЦЕФ се здружува со авиокомпании, бродски компании, и сите кои можат да ни помогнат да ја доставиме вакцината“, рече таа.

Набавката, испораката и дистрибуцијата на вакцини против коронавирус ќе биде наголема и најбрза операција која УНИЦЕФ некогаш ја извела.

Фото: Freepik