Универзитетот Американ Колеџ Скопје ми отвора нови можности за професионален развој

111
tijana 1
Тијана Блажевска, добитник на целосна МБА стипендија за жени во бизнисот овозможена од Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Тијана Блажевска, самостоен банкарски комерцијалист во НЛБ Тутунска банка АД Скопје е добитник на целосна МБА стипендија за жени во бизнисот овозможена од Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС).
Универзитетот, во рамки на своето општествено одговорно однесување и грижата за рамноправноста и вклучување на жената на високи извршни позиции во деловната заедница, за академската 2015/2016 година додели целосна МБА стипендија на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
„Оваа стипендија за мене претставува голема чест, лично признание за досегашниот професионален развој и дополнителна мотивација за високи достигнувања во иднина. Да се биде стипендист како дел од програмата на УАКС за жени во бизнисот, претставува голема одговорност. Благодарение на оваа стипендија, ми се оствари желбата да бидам дел од МБА програмата на УАКС“, вели Блажевска со која разговараме на повеќе теми.

БИ: Како дознавте за можноста да аплицирате за целосна МБА стипендија за жени во бизнисот овозможена од УАКС?

Како нормален тек на надградување на мојата професионална кариера и академско знаење, активно ги следев можностите за продолжување на студиите. МБА програмата што ја нуди УАКС има меѓународен интегритет, а се одржува во Скопје, и поради тоа ми беше предизвик да бидам дел од неа. Покрај мојот интерес и благодарение на вработените на УАКС, кои одлично ја вршат својата работа во домен на промоција на институцијата и привлекување на студенти, дознав за оваа стипендија.

БИ: Кои беа причините поради кои досега се немавте запишано на постдипломски студии?

По завршување на додипломските студии, приоритет беше да стекнам работно искуство во доменот на моето високо образование. Соочувајќи се со нови професионални предизвици и одговорности, почувствував потреба за напредни нови знаења, кои ќе придонесат за успешно соочување и справување со комплексните теми. Постипломските студии, како круцијален дел од процесот на доживотно учење, придонесуваат во значителна мера да се надминат рамките на постојните знаење. Поради тоа, следен логичен чекор за мене беше да ги продолжам моите студии и да го надградам теоретското знаење во склоп на практичното искуство кое го имам.

БИ: Дали очекувавте да бидете повикани на интервју за потесен избор на стипендисти?

Секогаш се трудам да ја согледам позитивната страна на случувањата и предизвиците и да бидам оптимист, па така беше и во оваа прилика. Поради тоа, се надевав дека ќе бидам повикана на интервју за потесен избор на стипендисти.

БИ: Денеска веќе сте дел од МБА програмата при УАКС. Пред уписот, кои беа вашите очекувања од МБА програмата?

Моите очекувања од МБА програмата пред сè беа насочени кон понатамошно надградување на сопствените знаења и стекнување на нови од различни домени, кои понатаму ќе имам можност и да ги применам во професионалната кариера. Исто така, комбинацијата од теоретска и практична настава, можноста за интеракција со професорите и колегите, како и обработката на студии на случај од праксата ми се особено значајни.

tijana 2

БИ: Дали и колку Ви значат акредитациите кои ги има УАКС?

Акредитациите секако имаат големо влијание при одлуката на која високообразовна институција да ги продолжам студиите. Македонските и меѓународните акредитации кои УАКС ги поседува се одличен показател за високото реноме на институцијата.

БИ: Колку завршувањето на МБА студиите ќе ти отвори повеќе можности за напредок во кариерата?

Академското знаење и неговата примена преку извршување на работните обврски, претставуваат основа за професионалност и поради тоа верувам дека новите теоретски знаења кои ќе ги стекнам на МБА студиите ќе придонесат за мој личен напредок и истовремено за напредок во мојата кариера.  Преку работните активности кои ги спроведувам, ќе имам можност и за континуирана практична примена на новите знаења. Можноста да работам и истовремено да ги посетувам МБА студиите мене ми е од особена важност.

БИ: Моментално, го завршивте првиот предмет по Корпоративни финансии со професорот Виторио Де Педис. Кои се вашите впечатоци?

Би сакала да нагласам дека по завршување на првиот предмет, моите очекувања се надминати и дека сега имам уште повисоки очекувања од другите професори. Високата стручност, практичните знаења, меѓународното искуство со кои располага професорот беа навистина импресивни. Начинот на кој се спроведе целиот предмет беше многу професионален и беше големо задоволство да се посетуваат предавањата по Корпоративни финансии.