Уписи на претприемачи од Источен, Североисточен, Југоисточен, Југозападен, Вардарски и Полошки регион

32

business-growth

Во тек се уписите на претприемачи од Источен, Североисточен, Југоисточен, Југозападен, Вардарски и Полошки регион во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој има за цел да го поттикне развојот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извоз, промоција и инвестиции.

Можност за учество во Проектот имаат сопствениците/менаџерите на микро и мали претпријатија, кои вработуваат до 50 вработени, имаат потенцијал за раст, извоз и можности за креирање на нови работни места.

Учеството во Проектот ќе Ви овозможи:

– Членство во Бизнис едукативен клуб со околу 150 претприемачи од Македонија;

– Размена на искуства и најдобри пракси од областа на бизнисот;

– Настани за воспоставување на деловни контакти со други претприемачи од Македонија (членови на Бизнис едукативниот клуб), како и со претприемачи од соседните држави;

– Проширување на Вашиот бизнис на регионалните и странски пазари;

– Интервенции за подобрување на процесите во Вашата компанија;

– Промоција на реномираниот бизнис портал Бизнис Инфо

– Можност да аплицирате во инвестициски фонд или да се претставите пред инвеститори – бизнис ангели, за обезбедување на потребниот капитал за раст на Вашата компанија.

Уписите траат најдоцна до крајот на март 2015 година.
За дополнителни информации и закажување состанок, контактирајте ги регионалните координатори, кои можете да ги најдете тука.